ПСЖ прогласен за шампион на Франција

Иако се уште нема официјална потврда, весникот Л’Екип објави вест дека лидерот на табелата до прекинот на првенството Пари Сен Жермен е прогласен за шампион, а во понизок ранг ќе се преселат Амиен и Тулуз.

Нови членови на елитното друштво во Франција ќе бидат Лориен и Ленс. Во Лигата на шампионите ќе настапат уште Марсеј и Рен додека учество во Лига Европа обезбедија Лил, Ница и Ремс.

За прв пат по 23 години Лион остана без настап во европските натпреварувања бидејќи клубот во моментот на прекин беше на седмата позиција.

Во меѓувреме Претседателот на Франција, Емануел Макрон заедно со министерката за спорт, Роксана Марасинјану почнале да лобираат меѓу лидерите во Европската унија да се донесе забрана за одржување на спортските натпреварувања до септември.

Весникот Ле Паризиен пишува дека Макрон ќе побара од владите на Шпанија, Италија, Германија и Велика Британија да го поддржат неговото барање и фудбалските шампионати во овие земји да бидат прекинати.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ