ПСЖ договори трансфер на ѕвезда на Манчестер јунајтед

Андер Ерера е пред заминување од редовите на Манчестер јунајтед, откако се појавија информации дека Шпанецот потпишал преддоговор со ПСЖ.

Фудбалерот од средниот ред летото ќе биде слободен фудбалер, откако ќе му истече актуелниот договор на „Олд Трафорд“. Клубот му понудил продолжување на соработката, но Ерера не бил задоволен од понудените финансиски услови.

Тој се надевал на плата од 150.000 фунти неделно, но понудата на Јунајтед била само 100.000. ПСЖ  веднаш влегол во игра и ги исполнил сите желби на фудбалерот, по што тој најверојатно од следната сезона ќе игра на „Паркот на принцовите“.

Ерера е дел од Манчестер јунајтед од 2014 година, кога направи трансфер од редовите на Атлетик Билбао.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ