Први ВТА титули во 2019 за Плишкова и гергес

Најдобрите тенисерки на планетава се подготвуваат за настап на првиот Гренд слем турнир сезонава кој почнува за една недела. Настапите на јужната хемисфера се завршно загревање пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија.

Каролина Плишкова од Чешка е победничка на турнирот во Бризбејн освојувајќи ја 12-тата ВТА титула. Таа во финалето во три сета со 4:6, 7:5 и 6:2 славеше во дуелот против Украинката, Лесија Цуренко.

Првиот трофеј во новата сезона го освои и Јулија Гергес. Германката во финалето на турнирот во Оукленд со 2:1 по сетови  4:6, 7:5 и 6:1 ја совлада 18 годишната тенисерка од Канада Бјанка Андреску, која на патот до финалето ги елиминираше Венус Вилијамс и Каролин Вознијацки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ