
Први мај во време на корона вирусот
Први мај во време на корона пандемија. Традиционалните целодневни излети и скари на отворено ќе почекаат за некој нареден празник.
Во скопските населби луѓето за време на полциискиот час правеа скара во своите домови , седеа во дворовите заедно со своите семјества.
Имаше и такви кои сепак одлучија да отидат во природа и да ја искористат шансата да бидат надвор пред да почне забраната за движење.
Се упативме кон селото Маркова Сушица. Уште на влезот пред Марков маниастир имаше полициски пункт. Полицсиките службеници со кои разговаравме ни кажаа дека е гужва уште од рано сабајле, но и дека излетниците го почитуваат полициски час.
Покрај Маркова река, родители со своите деца собрани на излет.
Родители со своите деца собрани на излет поркај Маркова Река. Ги прашавме што мислат што овој Ден на трудот сите го славиме поинаки
Еден час пред да почне празничиот полициски час Маркова сушица почна да се празни. Сите брзаа да стасаат дома навреме. Но и покрај празните ливади, некои навики не исчезнуваат – па така ѓубрето наместо во корпа остана да виси закачено на дрвјата.
Македонија за прв пат го слави Денот на трудот под поинакви услови но како и секоја година и денеска на први мај заврна дожд.
Теодора Цветковска