
ПРВЕНЕЦ ЗА ЕЛМАЗ ВО ДРЕСОТ НА ФЕНЕРБАХЧЕ ,ТРАЈКОВСКИ ПОГОДИ ЗА ПАЛЕРМО
Италијанскиот второлигаш Палермо забележа гостински триумф од 2:1 во првенствената пресметка против екипата на Фоџа, по одличната партија на Александар Трајковски. Македонскиот интернационалец асистираше кон Салви во 54.минута за изедначување, а осум минути потоа се запиша во листата на стрелците со ефектен удар.Вториот македонски репрезентативец во дресот на Палермо, Илија Несторовски, во игра влезе од клупата за резерви во самиот финиш .Во турската Супер лига,македонски фудбалски талент и репрезентитвец Елиф Елмас го постигна својот прв гол во дресот на Фенербахче.18 годишниот Елмас вчеравечер на дуелот со Коњаспор влезе на теренот во 61.минута и по само шест минути се запиша во листата на стрелците со што ја прекина серијата од три порази на клубот од Истанбул.