Прва лига: Вардар само до бод на гости кај Беласица

Вардар одигра само 1-1 на гостувањето во Струмица на стадионот „Младост“ кај Беласица во рамки на четвртото коло.

„Црвено-црните“ први поведоа преку Евгениј Нова на стартот на второто полувреме, додека Зоран Балдовалиев израмни за струмичани во 59-тата минута и го донесе првиот бод за повратникот во елитата.

Со идентичен резултат 1-1 заврши и дуелот помеѓу Ренова и Македонија Ѓорче Петров. „Гипсарите“ поведоа преку Фисник Нухиу, а скопјани се изборија за бод преку Робсон да Силва. Силекс и Победа одиграа без голови.

Во вечерниот термин се игра дуелот помеѓу Работнички и Академија Пандев, а утре колото го комплетираат Шкупи и Шкендија

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ