
ПРВ ПОРАЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ,ЕРМЕНИЈА ПОБЕДИ СО 4-0
Mакедонската фудбалска селекција вечерва во Ереван претпре тежок пораз во групата 4 од Д дивизијата во Лигата на нации. Ерменија славеше со високи 4-0 и го нанесе првиот пораз на нашата сениорска селекција .Домашните фудбалери поведоа преку Пизели кој го изненади неподготвениот Димитриевски во 12 минута.Во 26та,шведскиот арбитар Стромбергсон сметаше дека немало прекршок врз Барди за најстрога казна во шеснаесетникот на ерменците.Во вториот дел продолжија грешките во дефанзивниот ред.Недоразбирањето на Димитриевски и Зајков го казни Мовсисјан во 67-та. Газарјан од слободен удар во 81. минута зголеми на 3-0.После прекин,во судиското надополнување,Мхитарјан погоди за финални 4-0.Македонија застана на 9 бодови како водечка на табелата.Три помалку има Ерменија.Во последните две кола, на 16 ноември Македонија гостува кај Лихтенштајн а на 19 го пречекува Гибралтар.