
Прв пат по Втората светска војна Вимблдон е откажан
На вонредната седница на организацискиот комитет на тенискиот турнир во Вимблдон донесена е одлука третиот Гренд слем во сезоната да се откаже и тоа за прв пат по завршувањето на Втората светска војна.
Со оглед на фактот дека сезоната на играње на мечеви на тревната подлога трае само шест недели, а тоа е период во кој светот се уште ќе се соочува со пандемијата донесена е одлука турнирот да се откаже бидејќи нема можност тој да се одржи во некој друг период од годината.