Протокол за одигрување на мечевите во Германија

В сабота продолжува сезоната во Германија, а челниците на Бундес лигата до клубовите испратиле протокол за одржување на натпреварите.

Во документот на 33 страници е опишан целиот процес на организирање на мечевите. На денот на одигрувањето делегатите најдоцна до 10 и 30 изутрина треба да испратат извештај во кој се потврдува дека играчите ги минале сите прегледи и да известат дали некој од нив е позитивен на Ковид 19.

Доколку овој извештај не е доставен тогаш натпреварот нема да се одигра. Гостинските играчи на стадионот треба да патуваат со повеќе автобуси за да се почитува препораката за социјална дистанца.

Домашните играчи се обврзани да пристигнат со сопствени возила. Играчите на теренот треба да излезат поединечно и да бидат пропишано растојание. На клупата за резервни играчи може да се седи на секое трето столче и сите треба да носат заштитни маски.

Забрането е групно прославување на головите, а контакт е дозволен само со стапалата или лактите. Се препорачува фудбалерите да не плукаат на теренот.

Прес конференциите ќе се пренесуваат он лајн, а на стадионите е забрането да се користи озвучувањето за создавање вештачка атмосфера од трибините.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ