Прослава на македонските навивачи во Виена – одличен почеток, но можеме многу подобро!

Екипата на Телевизија Телма во Виена меѓу навивачите на македонската репрезентација, кои во еуфорично расположение го прославија драматичниот крај на натпреварот со Украина и победата извојувана во последните секунди.

Одличен резултат но и уверување дека можеме многу подобро да одиграме, беше најчестата оценка на фалангата, која силно ги бодреше нашите репрезентативци во текот на сите 60 минути од драматичниот и неизвесен натпревар.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ