Прокоцкавме победа за полуфинале: Чешка ја расплака Македонија во финишот

Македонија загуби со 24-25 од Чешка во второто коло од главната фаза во Групата 2 на Европското првенство и ги загубивме сите шанси за пласман во полуфиналето.

Нашата репрезентација буквално прокоцка победа, со оглед на фактот дека водеше во текот на речиси цел натпревар, а имаше и највисоки +5 во второто полувреме, но во финишот дојде до невиден пад во нашата игра.

Чешка за прв пат го презема водството во 57-та минута со 23-24 и во драматичен финиш успеа да дојде до победата. Во последната секунда Дејан Манасков не реализираше пенал за реми.

Филип Талески со пет голови беше најефикасен кај Македонија, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски постигнаа по четири голов, додека Борко Ристовски имаше 11 одбрани.

Капитенот Кире Лазаров не можеше да и помогне на репрезентацијата и влегуваше во игра само да изведе пенали, а реализираше два пати од три обиди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ