ПРИМОРСКА СО БРЕЈК ВО СКОПЈЕ ЈА ОСВОИ АБА 2

Првиот настап во финалната серија на МЗТ во Јане Сандански не успеа да ја одложи промоцијата на Приморска во АБА 2 шампион.Иако прикажа подобра игра од натпреварите во Копер,македонскиот вице шампион пред домашните навивачи претрпе пораз од 61-66 за 3-0 на Приморска во плеј-оф финалето.Стартните 10 минути ги доби МЗТ со 21-19.Гостите возвратија со 13-20 во втората четвртина за предност од 34-39 на полувремето и слично како на првите две  средби од финалето ,имаа квалитет за да ја одржат разликата.МЗТ се доближи на еден поен во последната минута ,но Приморска преку Шишко и Хоџиќ   не дозволи пролонгирање на серијата.  Бојиќ со 20 поени и осум скокови беше прв стрелец на МЗТ кој  ќе има нова  шанса за влез во АБА лигата преку допопнитен бараж со Задар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ