Претседателка на атлетска федерација користела допинг
По повторното анализирање на примерок земен во 2012 година, актуелната претседателка на Атлетската федерација на Летонија Инета Радевича докажано е дела користела недозволени стимулативни средства за време на настапот на Олимписките игри во Лондон .
Светската антидопинг агенција потврди дека Радевича, која во Лондон го освои четвртото место во дисциплината скок во далечина, користела анаболичен стероид оксандролон и ќе се соочи со казна, а најверојатно ќе и бидат одземени трофеите освоени на големите натпреварувања.
Радевича во 2010 година се закити со злато на Европското првенство, една година подоцна беше трета на Мундијалот во Даегу.
Радевича по настапот во Лондон во 2012 се повлече од атлетиката, а во 2017 година беше избрана за претседателка на националната асоцијација.