Преписката меѓу Мицкоски и Рашковски полна со меѓусебни обвинувања

Владата објави комуникација помеѓу Христијан Мицкоски и Драги Рашковски во која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го обвинува владиниот генерален секретар дека зема провизии од авионскиот превоз на македонските државјани кои се затекнаа во странство по почетокот на епидемијата. Обвинуваат дека, Мицкоски, врши притисок врз институциите со тоа што, активностите за враќање на македонските граѓани во земјава и за нивно сместување во државни карантини ги нарекува срамни.

Од владата појаснуваат дека, Визер е избрана по критериумот најниска цена. Патниците сами ги плаќаат билетите, при што вкупната цена на чартер летот која изнесува околу 32.000 евра се дели со бројот на патници сместени во авионот. На пример, цената на летот од Минхен до Скопје изнесувала околу 190 евра по патник. При слетување се пренесуваат со автобуси на „Вардар експрес кои биле единствени понудувачи на јавниот повик.

Како државни карантини се користат објекти или хотели кои исто така се пријавиле на јавен повик.

Мицкоски на фејсбук потврди дека преписката е автентична, велејќи дека е добро што излегла во јавност за да се види криминалот.

Од почетокот на карантинот, МНР во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство организира чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ