Премиерлигата може да продолжи по 1 јуни

Премиерлигата доби надеж дека ќе може да продолжи во јуни по денешната одлука на Владата на Велика Британија дека професионалниот спорт може да се врати по 1 јуни. До овој датум нема да се одржуваат спортски настани.

Ова е добар сигнал за фудбалот во Англија, кој сигурно ќе се игра без присуство на публика. Клубовите и челниците на фудбалската асоцијација се согласни дека сезоната не смее да биде поништена. Идејата е преостанатите девет кола да бидат доиграни, а во случај сезоната да биде прекината, да се важат досегашните постигнати резултати.

Последните шест екипи на табелата претходно побараа сезонава да нема испаѓање, но ниту ФА, ниту Премиерлигата не се согласуваат на вакво нешто.

Овие денови ќе се разговара и за предлогот на Владата, преостанатите натпревари од сезоната да се доиграат на неутрални терени. Клубовите засега се против оваа идеја, а особено екипите кои се борат за опстанок. Тие и натаму инсистираат, доколку сезоната продолжи, да играат пред своите гледачи за да имаат поголеми шанси да изборат опстанок.

Премиерлигата е под суспензија поради пандемијата од коронавирусот уште од 13 март.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ