Предлог-закон за дислоцирање на кладилниците подалеку од училиштата

Казината и обложувалниците каде што се приредуваат игри на среќа, задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри од факултети, универзитети, институти, библиотеки, детски градинки, домови за згрижување деца без родители и слични установи, предвидува новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, кој влезе во собраниска процедура. „Оддалеченоста на просторијата до објектот каде се одржуваат игри на среќа се утврдува од границата на градежната парцела на која е изграден објектот (која е најблиску до деловната просторија) и влезот на деловната просторија во која се приредуваат игрите на среќа како најкратката хоризонтална оддалеченост, односно воздушна линија“, стои во предлог-законот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ