ПРАНДЕЛИ НОВ ТРЕНЕР НА ЏЕНОВА И НА ПАНДЕВ

Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев има нов тренер во неговиот клуб Џенова.Денеска и официјално Чезаре Прандели е  назначен  на местото на Иван Јуриќ  кој  после елиминацијата од Купот на Италија   поднесе оставка.61 годишниот Прандели е поранешен менаџер на Фиорентина,Верона и Парма во Серија А.Тој ја водеше и селекција на Италија до сребрениот медал на ЕП во 2012.Последните сезони  беше тренар на Галатасарај,Валенсија и Ал Наср.После 14 кола во калчото.Џенова е 14-та со 15 бодови а новиот тренер ќе дебитира в недела на домашен терен против Спал.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ