
Познати се осминафиналните двојки во Лигата на Европа
Најголемите фаворити за освојување на пехарот во Лигата на Европа се избегнаа меѓуебе во осминафиналето, што значи дека можеме да очекуваме спектакуларно четвртфинале, доколку резултатите одат според очекуваното.
Челзи како еден од главните кандидати за трофејот за противник го доби Динамо Киев. Лондонскиот ривал на „сините“, Арсенал ќе ги одмери силите со француски Рен.
Интер ќе има два тешки натпревари со Ајнтрахт Франкфурт, што воедно е и дерби на осминафиналето во Лигата на Европа.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со својот Динамо Загреб ќе има двомеч со Бенфика, Наполи се среќава со Салцбург, а Валенсија ќе игра против Краснодар.
Славија Прага како најголемо изненадување во Лигата на Европа за проптивник го доби најуспешниот тим во ова натпреварување, Севилја. Последната осминафинална двојка е Зенит против Вилјареал.
Првите натпревари се играат на 7 март, реваншите се седум дена подоцна. Финалето е на 29 мај во Баку, Азербејџан.