Познати квалитативните групи пред жрепката за СП

Утре во раните утрински часови во Шензен ќе бидат познати групите за првиот дел од кошаркарскиот Мундијал.

Пред утрешната жрепка за првата фаза од Светското првенство во кошарка што ќе се одржи во Кина, ФИБА го објави распоредот на репрезентациите по квалитативни садови. Меѓу носителите се селекциите на Кина, САД, Шпанија и Франција. Во вториот сад се сместени Србија, Аргентина, Литванија и Грција. Русија, Австралија, Бразил и Италија се во третиот, а во четвртиот се наоѓаат Порторико, Турција, Доминиканска Република и Венецуела.

Во петтиот сад се наоѓаат Германија, Чешка, Полска и Иран. Канада, Црна Гора, Филипини и Јужна Кореа се сместени во шестиот сад, а во седмиот се Нигерија, Сенегал, Нов Зеланд и Ангола. Во последниот осми сад се поставени Јапонија, Јордан, Тунис и Брегот на Слоновата Коска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ