Uncategorized Полицискиот час не го почитувале 35 лица во целата држава
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење. МВР информира дека се приведени 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.



