Полицискиот час не го почитувале 35 лица во целата држава

Во текот на изминатото деноноќие  на ниво на целата држава  35 лица  не ја почитувале забраната за движење. МВР информира дека се приведени 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ