
Покетино: Кога ќе ви се јави Реал Мадрид, тогаш го слушате
Маурицио Покетино е прва цел на Реал Мадрид да го наследни Зинедин Зидан на клупата на европскиот шампион. Аргентинецот пред само една недела потпиша нов договор со Тотенхем до 2023 година, но бидејќи нема откупна клаузула, „кралевите“ имаат право да преговараат со него. Денеска Покетино изјави дека е среќен во премиерлигашот и дека официјален контакт од Шпанија немало.
„Кога ви се јавува Реал Мадрид тогаш морате да ја слушнете нивната понуда. Иако во овој случај не зависи се од мене. Јас пред извесно време потпишав нов долгогодишен договор и сум многу среќен тука. Секогаш ќе има шпекулации, ќе бидат кажани многу работи, но јас немам никакви вести од Реал Мадрид“, вели Покетино.
Доколку Реал го сака во своите редови, ќе мора да плати 42,5 милиони фунти, колку што е вредноста на договорот на Покетино со Тотенхем до 2023 година.