
Почнува Европското ракометно првенство за жени
Со дуелот меѓу репрезентациите и Франција и Русија денеска стартува Европскиот првенство во ракомет во женска конкуренција. Првиот дуел на шампионатот почнува во 21 часот.
Најдобрите селекции на Стариот континент од вечерва па до 16 декември во пет француски града ќе се борат за трофеите, а златото од последното првенство го брани репрезентацијата на Норвешка.
Во првиот дел од шампионатот учесниците се поделени во четири групи по четири репрезентации, а место во следната фаза обезбедуваат трите првопласирани од секоја конкуренција.
Мечевите од првиот круг се играат во Нант, Нанси, Монтбелијар и Брест.
Во вториот круг од натпреварувањето националните тимови за влез во самата завршница ќе се борат во Нант и Нанси, а решавачките мечеви за трофеите ќе се играат во Париз. Токму овие натпревари ќе имате можност низ директен пренос ексклузивно да ги следите на програмата на Телма.
РАКОМЕТ – ЕП ЖЕНИ
А ГРУПА (Нант)
Данска, Србија, Шведска, Полска
Б ГРУПА (Нанси)
Франција, Црна Гора, Русија, Словенија
Ц ГРУПА (Монтбелијар)
Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска
Д ГРУПА (Брест)
Норвешка, Романија, Германија, Чешка