Почина Стирлинг Мос, легендарниот британски Ф1 возач

Британската легенда на моторспортот, Сер Стерлинг Мос почина на 90-годишна возраст по долго боледување. Мос   се смета за еден од најголемите возачи на Формула 1 на сите времиња, иако никогаш  не  го освоил Светското првенство со 4-ри вицешампионски титули во периодот од 1951 до 1961 година. Тој победи на 16 од 66 Ф1 трки и стана првиот британски возач што освои домашно Гран-при,1955 година на автодромот  Ајнтри. Заедно со настапите во Ф1, Стирлинг  Мос имаше вкупно 212 победа во сите натпреварувања.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ