Почина Радомир Антиќ

Радомир Антиќ, познатиот фудбалски тренер, почина во Мадрид на 71-годишна возраст по кратко и тешко боледување, објави Атлетико Мадрид.Поранешниот  фудбалер и екс селектор на Србија, беше  само  еден од  двајца стратези покрај Енрике Фернандез Виола кои успеаја да ги водат  најголите тимови и ривали во Шпанија,Барселона и Реал Мадрид.  и  единствениот тренер што  покрај  Реал и  Барселона  бил и на клупата кај Атлетико Мадрид. Со Атлетико, Антиќ ја освои  Ла Лига и Копа дел Реј во сезоната 1995-96.Како селектор на  Србија, тој го  однесе  тимот  до СП во Јужна Африка во 2010 година.Антиќ во период од 1967 до 1984 година имаше кариера и како фудбалер, носејки го дресот на Слобода Ужице,Партизан,Фенербахче, Реал Сарагоса и на Лутон Таун.

Семејството на нашиот клуб жали за смртта на еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Засекогаш ќе бидеш  во нашите срца. Почивај во мир – соопшти  клубот од Мадрид.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ