ПОЧИНА МИШЕЛ ИДАЛГО,ПРОСЛАВЕНИОТ СЕЛЕКТОР НА ФРАНЦИЈА
Мишел Идалго, кој ја водеше Франција до трофеј на Еп 1984 година, почина на 87-годишна возраст од природна смрт.
Идалго беше селектор на ”Триколорите” од 1976 до 1984 година, и се повлече од клупата откако Франција ја совладаа Шпанија со 2: 0 во финалето на Европското првенство.Претходно, на СП во 1982,Франција предводена од Идалго , стигна до полуфиналето каде загуби од Западна Германија по изведување на пенали.
Мишел Платини, кој ја имаше капитенската лента во 1984 година и постигна девет гола на турнирот, изјави: „Мишел Идалго остави значително наследство. Тој го обнови францускиот фудбал на меѓународно ниво.
„Како тренер, Мишел го однесе тимот на Франција до своите најголеми височини, одлучувајќи се за убав стил на фудбал кој му овозможи на секој од нас целосно да ги изрази своите индивидуални таленти“.