ПОБЕДНИЧКО ДЕБИ НА СТЕАУА ВО СЕХА ЛИГАТА

Дебитантот  во Сеха лигата,составот на Стеауа од Букурешт со победа над Татран Прешов од 26-25 ја отвори новата сезона во регионалната конкуренција.Алин  Росу со седум гола од седум обиди беше клучен играч во домашниот тим за пресвртот  во второто полувреме Страновски и Хрстка постигнаа по шест погодоци за Татран Прешов.На вториот меч од денешната програма,Војводина славеше со    27-20     на гостувањето во Ниш кај Железничар предводен од  Веселин Вујовиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ