ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ НА УРУГВАЈ И ИРАН

Селекција на Уругвај имаше победнички старт на СП во Русија,откако  со 1-0 го совлада  составот на Египет.

 

Бројни шанси за јужно американската репрезентација пропуштија ѕвездите Суарез и Кавани кои имаа неколку можности уште во првото полувреме на стадионот во Екатеринбург.Офанзивната линија на Уругвај продолжи во ист стил и во вториот дел. Суарез повторни не успеа во 46  и  73 минута.Кавани во продолжение ја  погоди стативата од слободен  удар.Во следниот прекин кога мечот влезе во последната 90-та минута, тоа што не им успеа на напаѓачите на Барселона и на ПСЖ,го постигна Хименез.Дефанзивецот на Атлетико Мадрид се издигна највиското во шеснаесетникот на  Египет и го постига победничкиот гол  за Уругвај. Египет играше без најдобриот фудбалер Мохамед Салах  кој остана на клупата за резерви.На табелата во групата А,Уругвај со три бода се изедначи со домаќинот на СП кој  синоќа со 5-0 ја порази Саудиска Арабија.Во 2.коло на А групата,Русија ќе игра со Египет,Уругвај против Саудиска Арабија.

Сличен  завршеток имаше и воведниот меч од 1.коло на групата Б..Иран минимално со 1-0 го порази Мароко.Дуелот во Санкт Петербург влезе    во судиското надополнување  кога Бухадуз во 95 минута  постигна автогол за огромна  радост за Иран.Од регуларниот дел на мечот за издвојување  шансата на Азмун за Иран и на Зијеч кој можеше да биде херој на мароканците.Португалија и Шпанија ќе се сретнат од 20.00 во дерби мечот на групата Б.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ