Победа на Ајакс за пласман во осминафинале

По триумфот од 2:0 на гостувањето против АЕК, фудбалерите на Ајакс на едно коло пред крајот на натпреварите по групи во Лигата на шампионите обезбедија пласман во елиминациската фаза.

Победникот во Атина го реши српскиот интернационалец Душан Тадиќ со двата гола што ги постигна во 68-та и 72-та минута од натпреварот.

По денешниот пораз АЕК ги загуби шансите сезоната да ја продолжи во Лига Европа и од оваа група настапите во второто по ранг клупско натпреварување ги продолжува Бенфика.

Гостинска победа забележа и Викторија Плзен, која во Москва славеше над ЦСКА со 2:1. ДОмаќините поведоа со голот на Никола Влашиќ од пенал во 10-тата минута. Во 44-тата Прохаска не успеа да реализира удар од 11-метри, но на почетокот од второто полувреме постигна погодок за израмнување на 1:1.

Конечниот резултат на натпреварот го постави Хејда на девет минути пред крајот. Двата тима немаат шанси за пласман во следната фаза од елитното натпреварување и во последното коло ќе се борат за учество во Лига Европа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ