По пауза од 28 години Англија обезбеди полуфинале на СП

Англија обезбеди полуфинале на Светското фудбалско првенство што се игра во Русија. На „Космос“ арената во Самара ја совлада Шведска со 2:0 во третото четвртфинале.

Хари Мекгваер го отвори резултатот во 30 минута а конечниот резултат го постави Деле Али во 59 та минута.

„Гордиот Албион“ првпат по пауза од 1990 година ќе има шанса да се бори за финале.

Противник на Англија во полуфиналето ќе и биде подобриот од последната четвртфинална пресметка помеѓу домаќинот Русија и Хрватска што ќе се одигра од 20 часот во Сочи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ