
ПМФЛ: ШКЕНДИЈА СЕ ИЗЕДНАЧИ СО ВАРДАР
Фаворитите со променлив исход го затворија 13.коло во домашната Прва фудбалска лига.Вардар на стадионот во Маџари одигра реми од 1-1 со Беласица .Шампионот Шкендија беше подобар по финални 3-0 на мечот со Шкупи.На другите натпревари,Академија Пандев-Работнички 1-0, Победа-Силекс 2-0 и Македонија ЃП-Ренова 1-2 . На табелата Шкендија се изедначи со Вардар.Двете екипи имаат по 28 бодови .На третата позиција е Академија Пандев со 22 бода.