ПМФЛ: ШКЕНДИЈА ЕСЕНСКИ ПРВАК ,ВАРДАР ОСВОИ БОДОВИ КАЈ СИЛЕКС

16 .коло во домашната Прва лига,фаворитите го одиграа според планот.Водечката Шкендија славеше на гостувањето во Турново  каде домаќин  беше  Победа со 0-2 и на две кола до крајот на полусезоната стана есенски првак.Вардар со 0-1 ги освои бодовите во Кратово  против  Силекс.Најубедлив попладнево беше Работнички .На Филип Втори,Романтичарите со 5-1 ја поразија Македонија ЃП.На другите две средби,Ренова и Академија Пандев ремизираа со 1-1,Шкупи ја победи Беласица со 1-0.На табелата,Шкендија има  37 бодови,шест повеќе од Вардар.Академија Пандев е на третото место со 26 бода.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ