ПМФЛ :СЕЗОНАТА ПО СКРАТЕН СИСТЕМ ИЛИ СО ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН
На денешната средба на тренинг центарот ,,Петар Милошевски’’ помеѓу раководството на ФФМ и претставниците на 10-те прволигаши,оценето е дека поради органичената временска рамка нема услови да се одиграат сите преостанати натпревари до крајот од тековната сезона (13. натпреварувачки кола и ½ финале и финале од Купот на Македонија). По добивањето на протоколот за заштита од Корона вирус CoVid-19, Федерацијата и клубовите ќе излезат со заеднички став околу евентуалното продолжување на првенството во скратен формат или целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020-истакнуваат од ФФМ.