ПЛЕЈ-ОФ ПОЛУФИНАЛЕ:БЛОКОТЕХНА ИЗЕДНАЧИ НА 1-1 СО МЗТ

Блокотехна  успеа да ја прекине негативната серија во последните мечеви  со МЗТ и со резултат 106-94  избори победа  во вториот дуел од полуфиналната плеј оф серија за изедначување на 1-1.

 

Тимот од Гевгелија го искористи домашниот терен.Екипата на тренерот  Марјан Илиевски одигра  одличен меч со водтсво од првата до последната минута.Блокотехна  ја заврши воведната  четвртина со 31-23,на полувремето имаше 59-45 и во пресрет на завршните  10 минути  83-67.МЗТ  во последната четвртина  имаше обид за пресврт ,но успеа  само да ја ублажи неочекувано високата предност  на Блокотехна . Двејн Бенџамин беше незапирлив за гостите од Скопје и постигна   31 поен за Блокотехна на кои додаде седум скокови и три асистенции, Мијатовиќ реалзираше  20, а Главчев 16 поени.Кај МЗТ Скопје најдобри поединци беа Соколов со 16, Симоновски со 14 и Лалиќ со 12 коша.Третиот натпревар ќе се игра в недела во СЦ Јане Сандански.

 

Блокотехна 31 28 24 23 106
МЗТ Скопје 23 22 22 27 94
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ