ПЛАТИНИ ПРИВЕДЕН ВО ИСТРАГА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СП 2022

Мишел Платини е уапсен и приведен од француските власти  како дел од антирупциската истрага   околу доделувањето на Катар да биде земја домаќин на СП 2022.

Катар беше избран во конкуренција на САД,Австралија,Јужна Кореа и Јапонија. Платини  е приведен во Нантери ,западно од Париз. Тој се сомничи дека примил поткуп за да го даде својот глас за Катар и со тоа влијаел врз конечниот исход на гласањето.

 

Поранешниот претседател на УЕФА беше на фукција до 2015 година кога заедно со Сеп Блатер добија 8 годишна суспензија. Првиот човек на ФИФА на нелегален начин му исплатил 2 милиони  швајцарски франци  за консултантски услуги меѓу 1998-ма и 2002-ра година. Екс францускиот фудбалер кој е  трикратен освојувач на Златната  топка, поднесе жалба прво до етичкиот комитет на ФИФА, а потоа и до Судот за спортска арбитража по која казната му е намалана на 4 години и истекува во месец октомври 2019.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ