ПЛ: Сезоната ќе заврши, но не до крајот на јуни
Клубовите од Премиер лигата остануваат посветени на одигрувањето на 92-та преостанати натпревари од тековната сезона, но на денешниот состанок преку видео врска не разговара за крајниот рок.
Очекувањата беа ,30 јуни да се потврди за финиш на првенството,но во официјалното соопштение Премиер лигата информира дека остануваат посветени на целта и работат на сложени сценарија за планирањ , но во моментов сите датуми за комплетирање на шампионатот се пробни.Лигата е во прекин од 13 март поради пандемијата на коронавирус.