
Питана најдобар судија за 2018 година
Аргентинецот Нестор Питана е прогласен за на најдобар судија во изборот Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика.
Четириесет и три годишниот арбитар кој годинава ја имаше честа да ја дели правдата на финалето на Светското првенство освои вкупно 180 бода, 80 повеќе од Холанѓанецот, Бјорн Кујперс додека трет 86 бода е Милорад Мажиќ од Србија.
Меѓу најдобрите пет се најдоа Феликс Брих (Германија) и Чунејт Чакир (Турција), а потоа следуваат Џанлука Роки (Италија), Алиреза Фагани (Иран), Антомио Матеу Лахоз (Шпанија), Дамир Скомина (Словенија) и Сандро Ричи (Бразил).