Пинтуро славеше во Банско и го освои Кристалниот глобус во комбинација

Алексис Пинтуро само 11 дена откако го освои златото во алпска комбинација на Светското првенство во Аре, денеска славеше во истата дисциплина и во Светскиот Куп, што се одржа во Банско, Бугарија.

Францускиот скијач до својата 22.победа во кариерата, а прва сезонава дојде откако беше најбрз со вкупно време од 1:55,55 минути по двете трки во супер велеслалом и слалом. Второто место со 68 стотинки заостанување финишираше Австриецот Марсел Хиршер, додека трет беше Штефан Хадалин од Словенија.

Со денешниот триумф Пинтуро го обезбеди кристалниот глобус во алпска комбинација, што е петта шампионска титула за него во кариерата во оваа дисциплина. Во генералниот пласман Хиршер е лидер со 1.328 бодови, Пинтуро е втор со 460 бодови помалку, додека трет е Хенрик Криштоферсен од Норвешка. Утре во Банско се вози шестиот сезонски супер велеслалом.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ