Перез го враќа Мурињо во Мадрид?

Според пишувањето на некои медиумите во Шпанија, Жозе Мурињо по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во мадридски Реал.

Иднината на Мурињо на менаџерската функција на тимот од Олд Трафорд е неизвесна и се шпекулира дека челниците на клубот сериозно размислуваат да ја прекинат соработката.

Неофицијално Португалецот веќе контактирал со претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез и начелно било договорено тој од следната сезона да го преземе Реал без оглед на фактот што неодамна беше потпишан тригодишен договор со Сантијаго Солари.

Мурињо на клупата на Реал седеше три години и во периодот додека го водеше тимот од Сантијаго Бернабеу освои една шампионска титула и трофеј во Кралскиот куп.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ