
Пенадровски: Македонија за сите, каде што ќе нема граѓани од втор и трет ред и нема да има потстанари и газди
Со 712 гласа „за„ и ниту еден против, делегатите на конгресот на СДСМ ја потврдија одлуката на партиските лидери, Стево Пендаровски да биде заеднички кандидат за владејачката коалиција. Ниту еден делегат не беше против, а 71 беа отсутни. Пендаровски рече дека е чест што 31 партија и сите етнички заедници застанаа зад него. Се заблагодари за преседанот, да му се даде втора шанса иако изгуби на претходните избори во 2014-та година. Пендаровски на конгресот дојде во придружба на премиерот и двајцата министри, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски, кои беа исто така фаворити за претседателски кандидат. Седнаа во првиот ред, веднаш до него, со што му дадоа поддршка. Конгресот траеше релативно кратко, неполни два ипол часа, со долги паузи. На една од паузите, Пендаровски отиде до Тетово, каде истовремено се одржуваше седница на Централното претседателство на ДУИ. Во кусото обраќање рече дека е крајно време да завршат етничките поделби.По кандидатурата, следуваат формалните аспекти.Најсилниот против-кандидат на Пендаровски, Гордана Сиљановска Давкова,покрај пратеничките, собра и 10 илјади граѓански потписи.На кандидатот на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река му недостигаат 30 пратенички потписи, па ќе мора да собира потписи од граѓани, за да поднесе кандидатура во ДИК