ПАВЛОВ И РИСТОВСКА СПОРТИСТИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2018

Европскиот првак  во карате,Емил Павлов е избран за спортист на Македонија за годината што е на заминување.Шампионот во категоријата до 60 килограми на првенството во Нови Сад во олимписки спорт го доби признанието од Премиерот  Зоран Заев .

За најдобра спортистка е прогласена Сара Ристовска,поранешна  ракометарка на Вардар ,Металург и актуелен играч на словечеки Крим.Ристовска со Вардар настапуваше  на Ф4 турнирот во ЛШ и со селекцијата на Македонија избори бараж за СП во Јапонија,  но поради клупски обрски наградата  во нејзино име ја прими директорката на Македонскиот женски национален тим.

Капитенот на сениорите и ракомерот на француски Нант,Кире Лазаров ја доби наградата за наш најдобар  интернационалец.Сашко Арсовски ,менторот на Емил Павлов   е најуспешен  тренер.Карате Федерацијата ја понесе наградата за најдобра Федерација во 2018.Женскиот и машкиот ракометен тим се најдобрите  национални селекции.Оливера Наковска –Бикова во стрелаштво  е најуспешен спортист со инвалидитет. Анамарија Георгиевска во теквондо  и каратистот Фаик Весели се прогласени за најдобри млади спортисти на Македонија за 2018 година. Изборот на АМС и на Сојузот на спортотви на Република Македонија се одржа во скопскиот хотел Александар Палас.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ