ПАРОНДО ГО МЕНУВА ГОНЗАЛЕС
Европскиот ракометен првак Вардар и во следните две сезони ќе има тренер од Шпанија.Роберто Гарсија Парондо ќе го наследи Раул Гонзалес кој по крајот на сезоната заминува во Париз Сен Жермен.
Ракометниот клуб Вардар го официјализираше Парондо како наследник на Гонзалес на клупата кај машкиот тим.Помошникот на Ирина Дибирова во женската екипа на Вардар,асистентот на Раул Гозналес на клупата кај машката сенироска репрезентација на Македонија, доби две годишен договор и шанса да го води европскиот првак.Парондо е поранешен репрезентативец на Шпанија и ракометар на Ваљадолид,Адемар Леон,Атлетико Мадрид, Пик Сегед и Будакалаш во Унгарија каде ја заврши кариерата.Во Македонија имаше ангажман и во подготовките на машкиот младински тим до 21 година кој го освои 6.место на СП во Алжир.38 годишниот тренер ќе ја заврши сезоната како асистент на ЖРК Вардар каде заедно со Дибирова имаат серија без пораз и се во најтесниот круг кандидати за освојување на Лигата на шампиони.По заминувањето на Раул Гонзалес во ПСЖ,Парондо од месец јуни ќе ја преземе клупата на машкиот тим.
Инаку Вардар се упати кон Белорусија каде утре ќе игра со Мешков Брест во Сеха лигата и во сабота гостува кај Татран Прешов.На 10 февруари во Палау Блауграна,Вардар ќе излезе на мегдан со Барселона во продолжението од сезоната во ЛШ каде скопскииот тим ја брани титулата.