Пари Сен Жермен тргнува во Де Хеа

Шпанскиот репрезентативен голман, Давид Де Хеа на крајот од сезоната најверојатно ќе си замине од Манчестер Јунајтед, а медиумите шпекулираат дека листата на потенцијални кандидати за негов ангажман се зголемува.

По Јувентус во трката за 28-годишниот голман се вклучува Пари Сен Жермен, кој наскоро планира да испрати понуда за комплетирање на трансферот на Де Хеа.

Неофицијално веќе се направени контакти со чуварот на мрежата на “црвените ѓаволи” и понудена му е годишна плата од 18 милиони евра.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ