Пандев ги носи Интер и Џенова на младински турнир во Струмица

Академија Пандев во 2018 година ќе организира еден од најспектакуларните турнири за младински категории на овие простори. Турнирот ќе го носи името „Пандев куп“ и во 2018 година ќе го има своето прво издание за во иднина да прерасне во традиционален.

Претставници на Академија Пандев вчера во Белград ги финализираа преговорите со Црвена Звезда и ОФК Београд кои го потврдија учеството на „Пандев куп 2018”. Освен нив, за турнирот во Струмица досега се сигурни уште: Партизан, Осиек, Буба Мара, ПАОК, Лудогорец и ЦСКА Софија. Клубот е во преговори и со италијанските гиганти Интер и Џенова

Првиот дел од турнирот ќе се одржи во периодот од 1 до 4 март и на него ќе учествуваат фудбалери родени од 2006 до 2010 година. Вториот дел е планиран за крајот на јули и почетокот на август.

Освен набројаните, на турнирот ќе учествуваат сите македонски клубови. Присуството не го потврдил само уште Вардар, но се очекува и „црвено-црните” да го направат тоа во следниот период.

Вкупно, на „Пандев куп“ е планирано да учествуваат околу 140 екипи, односно над 2.800 деца со што тој ќе биде еден од најмасовните на овие простори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ