Пандев:Ако одиграме како што знаеме нема да имаме проблеми

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Лихтенштајн од 20 часот и 45 минути против Лихтенштајн ќе го одигра претпоследниот натпревар во фазата по групи во Лигата на нации.
Капитенот Горан Пандев е оптимист во пресрет на вечерашниот дуел и очекува нова победа по која ќе бидеме на чекор до потврда на првото место во групата.

“Поразот во Ерменија беше една лоша вечер за нас, но и за судијата. Но, сега мислеме на Лихтенштајн. Добро се познаваме, често играме против нив во последните години и мислам дека ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблеми. Уште сме први во групата и не знам зошто толку трагично во нашата земја беше сфатен овој пораз. Ова е нашата најквалитетна селекција и тоа ќе го докажеме. Само да влеземе со чисти глави и нема да имаме никакви проблеми. Разликата од 100 места на ФИФА листата со Лихтенштајн не мора ништо да значи. Пред три години бевме многу блиски до нив, па направивме позитивна серија и се искачивме многу повисоко. Најважни се три бода, без разлика со кој резултат, и в понеделник да го прославиме првото место во групата”, рече Пандев.

Капитенот на националниот тим вечерва ќе го одигра 99 натпревар во репрезентацијата и веќе в понеделник ќе го израмни рекордот на Гоце Седлоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ