Озил одби плата од милион фунти за да остане во Арсенал

Германскиот репрезентативец Месут Озил ги одбил понудите на неколку клубови од Азија и решил да остане во Арсенал.

Менаџерот на Озил, Еркут Согут во интервју за весникот London Evening Standard потенцирал дека неговиот клиент добил неколку понуди за трансфер во Азија, но сепак тој се решил да остане во редовите на Топчиите.

Согут истакнува дека Озил одбил понуда од неделна плата од еден милион фунти со образложение дека парите не го интересираат дека тој нема намера си замине од Арсенал.

Озил во дресот на Арсенал е веќе шест години, а сезонава на 12 настапи во Премиер лигата има учинок од четири погодоци и една асистенција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ