Откажана тениската егзибиција во Саудиска Арабија

Егзибицискиот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кој требаше да се одигра во Џеда на 22 декември дефинитивно е откажан, а веста ја соопшти светскиот рекет број 1 на средбата со новинарите во пресрет на почетокот на Мастерс турнирот во Лондон.

“Јас лично секогаш се обидувам да бидам надвор од политиката. Не сакам да се мешам во било какви политички расправи и навистина ова е несреќен случај во кој случајно се најдовме јас и Рафа”, изјави Ѓоковиќ.

Двајцата тенисери за настапот во Саудиска Арабија ќе заработеа околу милион долари, а причината за откажувањето на мечот е повредата на Надал поради која Шпанецот мораше да се повлече од турнирите во Париз и Лондон иако претходно се вршеше притисок да не патува за Џеда поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ