
Осум натпревари во квалификациите за ЛШ
Денеска се играат осум натпревари од второто квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони.
Најлесна задача во реваншот има првакот на Шкотска, Селтик кој по првиот меч во Глазгов славеше над Номе Калју со 5:0, загрепски Динамо пред своите навивачи треба да го потврди пласманот во следната фаза откако на гостувањето Грузија забележа победа од 2:0 во соочувањето со Сабуртало, а предност од 3:1 по првиот натпревар има Ференцаворш, кој триумфираше над Валета на домашен терен.
ПСВ Ајндховен во пресрет на гостувањето во Базел има предност од 3:2, а неизвесна ќе биде борбата за влез во третото коло и на мечот меѓу Олимпијакос и Плзен откако првиот дуел заврши без голови.
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ
2. КОЛО / КВАЛИФИКАЦИИ
АПОЕЛ – Сутјеска (1:0) 19:00 часот
Номе Калју – Селтик (0:5) 19:00 часот
Макаби – Клуж (0:1) 19:00 часот
Базел – ПСВ (2:3) 20:00 часот
Динамо З – Сабуртало (2:0) 20:00 часот
Валета – Ференцварош (1:3) 20:00 часот
Олимпијакос – Плзен (0:0) 20:30 часот