
Османи: Очекуваме членство до 2025 година
Стратегијата за Западен Балкан превидува почеток на преговори на Македонија со ЕУ во 2019та година. Заедно со нашата држава пристапни преговори со Брисел треба да отвори и Албанија. Во најновата верзија на стратегијата во која Радио Слободна Европа имаше увид стои дека Црна Гора и Србија и натаму се идентификуват како лидери во регионот, па нивниот прием во ЕУ се предвидува до 2025 година. Документот утре ќе биде презентиран во Стразбур, а на македонските претставници ќе им го достави евроамбасадорот Жбогар. Очекуваме во него да бидат утврдени два моменти важни за Македонија рече вицепремиерот Османи.
Според Османи, треба да се има предвид дека Македонија има најголемо искуство во овој процес и има постигнато многу во смисла на хармонизација со европската легислатива и во исполнувањето на критериумите. Доколку добиеме датум, тоа ќе биде поттик да ги достигнеме државите кои го предводат овој процес, рече ОСмани.
Во Стратегијата за Западен Балкан се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ но не во состојбата во која се наоѓаат денеска. Прашањата кои се однесуваат на целиот регион а кои треба да се решат пред пристапувањето на која и да е земја во унијата се билатералните спорови. Ова се однесува и на меѓуграничните спорови.
„Принципилено, земјите лидери на европскиот пат имаат стратешки интерес да ги помагаат , а не да ги отежнуваат залагањата на нивните соседи. Сите држави мораат да се воздржат од злоупотреба на отворените прашања во европкиот пристапен процес“.
Според Брисел, страните кои имаат нерешени меѓугранични спорови, треба да се обратат на правно задолжителна арботражам , и тааа одлука ќе мора да се испочитува.
Сања Јовановиќ Дамјановска