
Општините во земјава бележат пад на приходите, а особено во делот на даноците
Пандемијата удри и врз општините. Приходите во буџетите им се намалуваат од крајот на март. Градоначалниците сметаат дека исплатата на платите на општинскат администрација нема да биде проблематична. Драстичен пад бележат на сопствените приходи, пред се на данокот на имот. Руралните општини математиката ја прават полесно, додека поголемите анализите за колку се намалени приходите ќе ги прават наредната недела.
Беровскиот градоначалник, Звонко Пеќевски кој најдобро ги знае ставките на општинските буџети, бидејќи пред да дојде на оваа функција неколку децении беше прв човек во секторот за финансии смета дека реалните анализи ќе се знаат на почетокот на мај. Намалените приходи се должат и на недоставувањето на решенијата за данок на имот до граѓаните, поради мерката социјална дистанца.
„Има пад на приходите тоа е сигурно, но се уште немаме точни бројки и како тоа ќе влијае на нашите проекти. Очекуваме тие да се реализираат, но можеби со забавено темпо“, вели Ѕвонко Пекески, градоначалик на Берово.
Градоначалниците оценуваат дека пролонгирање ќе има и на капиталните проекти, кои се реализираат од државниот буџет, бидејќи градежните компании бараат нови рокови. Најголем проблем им е превозот на работници од една во друга општина за време на полицискиот час. Работата пак на комуналните претпријатија е отежната, бидејќи се бележи намалување на наплатата на сметките за вода и од 40 до 60 проценти.
Викторија Јованова